Американскиот милијардер, Тод Боели, кој води огромен финансиски конзорциум е новиот сопственик на лондонски Челси, пренесуваат највлијателните англиски медиуми.
Боели, наводно, ја добил битката со најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф кој исто така испратил понуда за купување на клубот.
Но, Боели заедно со швајцарскиот милијардер Хансјорг Вајс понудиле издржлив финансиски план па се шпекулира дека за 3,5 милијарди фунди ги презеле акциите на лондонскиот клуб.
Како што е познато, Роман Абрамович го стави на продажба својот клуб веднаш по стартот на руската агресија на Украина. Абрамович доби суспензија од британската влада од сите фудбалски активности поради неговите блиски контакти со рускиот претседател Владимир Путин, па беше принуден да го продаде и своето фудбалско милениче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА