Челси има нова „10“ – Кристијан Пулишиќ е наследникот на Мата, Азар, Вилијан…

Англискиот премиерлигаш Челси потврди дека Кристијан Пулишиќ е новата „10“ на клубот. Тој го наследува Вилијан кој летово го напушти клубот и премина во градскиот ривал Арсенал. Бројот „десет“ претходно во клубот го носеа своевремено првите ѕвезди. Прво тој беше во сопственост на Хуан Мата кој беше лидер на „сините“ во првата половина од минатата декада, а потоа му припадна на Еден Азар.

Челси годинашната кампања во Премиер-лигата ја почнува во понеделник со гостувањето кај Брајтон и Хов Албион.

 

Се вчитува...