Челси има понуда што не се одбива – Вернер и пари за Халанд

Челси останува максимално заинтересиран за Ерлинг Халанд, а според последните информации лондонскиот клуб подготвува понуда што Борусија Дортмунд нема да може да ја одбие. Имено, „сините“ се подготвени да платат 100 милиони евра за да го добијат норвешкото „чудо од дете“, плус во Дортмунд да го испратат Тимо Вернер.

Вернер минатото лето дојде во Челси во трансфер вреден 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата во овој англиски премиерлигаш. Тој игра нешто подобро по доаѓањето на Тухел на менаџерската функција, но планот на „сините“ е јасен – да се искористи Вернер за да се стигне до Халанд. Тимо имаше неколку извонредни сезони во дресот на Лајпциг и е докажан голгетер во Бундес-лигата, па Борусија со овој трансфер би добила богатство, но и адекватна замена за Халанд.

Норвежанецот во јуни 2022 година ќе има клаузула од само 75 милиони евра, па јасно е дека продажба на Халанд летово, под вакви фантастични услови какви што подготвува Челси, е одлична можност за заработка за „милионерите“ од Дортмунд.

Се вчитува...