Челси има за што да жали – „пантерот“ Де Хеа го одржува Манчестер Јунајтед во игра на „Стемфорд Бриџ“

Првото полувреме од дербито на 13. коло во Премиерлигата помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед заврши без голови, а најзаслужен за тоа е голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа кој има четири интервенции.

Шпанскиот чувар на мрежата е енигма за нападот на „сините“ кој пропушти две сто отстотни шанси преку Хадсон Одои, а и среќата беше на страната на гостите кога при ударот на Рудигер топката заврши во пречката.

Фантастичниот обид на германскиот стопер од повеќе од 18 метра можете да го видите ТУКА.

Се вчитува...