Челси ќе биде моќен и во иднина: Слонина, Чуквуемека, Касадеи…

Новото раководство на Челси започна со составување на тимот кој треба да ја одржи славата во иднина. Ова лето на „Стемфорд Бриџ“ веќе стигнаа голманот Габриел Слонина и Карни Чуквуемека, а нив сега им се приклучи и Цезаре Касадеи.

Деветнаесетгодишниот Италијанец кој ги предводеше младинските репрезетнации на „аѕурите“ во премиерлигашот доаѓа од редовите на Интер во трансфер вреден 15 милиони евра кој може да достигне и 20 милиони доколку се реализираат предвидените бонуси.

Играчот од средниот ред потпиша шест годишен договор и се очекува заедно со Чуквуемека да биде насленик на Ковачиќ, Жоржињо и Канте во овој дел од теренот. Покрај овие два играчи, Челси веќе во своите редови ги има 16-годишните таленти Тајлер Диблинг, Зек Стурџ и Омари Хатчинсон кои се сметаат за едни од најперспективните фудбалери во својата генерација.

Тука се уште Тревор Чалобах, Конор Галагер, Армандо Броја и Били Гилмур од кои се очекува многу во иднина, а тимот веќе работи на продолжување на договорите на Мејсон Маунт и Рис Џејмс за следните шест години.

Лондонскиот клуб започна и преговори за продолжување на соработака со Томас Тухел на кој се гледа како главен тренер на проектот и даде дознаење дека отстапува од доскорешниот принцип на работа на Роман Абрамович кој целеше на успех од сезона во сезона и сериозно размислува за иднината.

Се вчитува...