Челси ќе добие нов газда – зелено светло и од Премиер-лигата, се чека само уште на една работа

Челси наскоро и официјално ќе добие нов сопственик откако Премиер-лигата даде зелено светло за купопродажбата на клубот од страна на конзорциумот предводен од американскиот мултимијардер Том Боили.

Овој конзорциум понуди 4,25 милијарди фунти за да го преземе клубот од Роман Абрамович, понуда што веќе беше прифатена од британската влада (чии претставници ги водеа преговорите поради замрзнувањето на имотот на Русинот), а со денешното прифаќање и од Премиер-лигата веќе нема никаква пречка за преземањето на лондонскиот клуб од американските газди.

За официјализација сега останува само уште владата на Велика Британија да ја даде неопходната дозвола за купопродажбата, што не би требало да биде никаков проблем со оглед на фактот дека сите клучните детали беа договорени токму со владините претставници.

„Сега веќе ќе нема никаква пречка да се добијат дозволите за купопродажбата на Челси да биде финиширана до крајот на месецот“, изјави инсајдер кој е вклучен во преговорите.

Се вчитува...