Челси ќе го продава Хаким Зиеш

Актуелниот шампион на Европа по успешната сезона веќе започна со промени во својот состав. Продолжен беше договорот со тренерот Томас Тухел, како и ветераните Оливие Жиру и Тијаго Силва, сега е време за заминувања на прекубојните фудбалери.

Еден од нив е и Хаким Зијеш кој на „Стемфорд Бриџ“ пристигна од редовите на Ајакс, но не ги исполни очекувањата. Мароканецот кој беше доведен од Франк Лампард, не успеа да се наметне покрај супер ѕвездите во тимот, ретко добиваше шанса и кај германскиот стратег па секој примамлива понуда ќе биде прифатена, пренесуваат англиските медиуми.

За Зијеш се заинтересирани неколку италијански прволигаши како Милан и Наполи, но понудата мора да биде околку 50 милиони евра со оглед на тоа што „сините“ го доведоа од холандскиот клуб за 52 милиони евера.

Се вчитува...