Челси ќе ја спасува сезоната со Јосип Јурановиќ?

Грем Потер не може да крене глава од постојаните повреди кои му се случуваат на Челси. „Сините“ вчера славеа во натпреварот против Бормут, но повторно останаа без Рис Џејмс кој се врати по повредата на коленото само за да ја обнови истата.

Сега му се препишува подолго отсуство од терените, а тоа значи и сериозен проблем на десната бековска позиција каде опција е само Цезар Азпиликуета. На Челси му е потребен трансфер што поскоро, а англиските медиуми јавуваат дека изборот паднал на Јосип Јурановиќ.

Хрватскиот репрезентативец блесна на Светското првенство во Катар каде доби и големи пофалби за настапот против Бразил, а сега се наоѓа пред трансфер од сништата. Добри вести за клубот од „Стемфорд Бриџ“ тоа што 27-годишникот веќе е навикнат на „Островот“ со оглед на тоа што настапува за Селтик па нема да му биде потребно време за прилагодување на условите.

Се вчитува...