Челси ќе му плати 17.5 милиони евра на Томас Тухел

Новото раководство на Челси започна како старото, бркајќи го тренерот по неуспехот на почетокот на сезоната. Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на Шампионите експресно беше „шутнат“ од „Стемфорд Бриџ“, но за овој потег германскиот стратег добро ќе заработи.

Имено, обесштетата која треба да ја плати Тод Боели за потегот изнесува 17.5 милиони евра, а истата достигнува и над 20 милиони евра со оглед на тоа што заедно со Тухел заминува и останатиот дел од стручниот штаб.

Германскиот стратег дојде во редовите на Челси во јануари 2021 година, а успеа да направи целосен пресврт по ерата на Френк Лампард. Тој ја освои Лигата на Шампионите, а потоа и Суперкупот на УЕФА и Светското клупско натпреварување.

 

Се вчитува...