Челси конечно е продаден, Абрамович нема да добие ниту евро!

Актуелниот европски шампион Челси по повеќемесечни маки конечно доби нов сопственик. Откако Велика Британија го суспендираше имотот на Роман Абрамович поради инвазијата на Русија на Украина, тој веднаш се одлучи да го продаде клубот од Лондон.

Околу два месеци се погодуваше кој ќе биде негов наследник, да синоќа во 2 часот по полноќ конечно дојде до потврда на неговиот наследник.

Нов сопственик на Челси е Тод Боули кој исто така е косопственик и на Лос Анџелес Лејкерс во НБА лигата. Боули заедно со уште неколку партнери и компанијата „Клиарлејк“ се договори да го преземе Челси за сума од 3 милијарди евра. Примопредавањето на сопственичката структура ќе биде направено до крајот на месецот, односно кога британската влада ќе даде зелено светло. Тоа значи дека „сините“ ќе добијат лиценца за учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Интересно е тоа што Абрамович за продажбата на Челси нема да доби ниту евро, а комплетниот износ ќе го донира за помош на настраданите во Украина.

 

Се вчитува...