Челси „лечеше кралски фрустрации“ со Сотон, Брајтон го шокираше Арсенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси ги излечија сите фрустрации по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите совладувајќи го на гостински терен Саутемптон со убедливи 0-6.

Стрелци на головите за „сините“ од Лондон Маунт и Вернер на два пати и по еднаш Алонсо и Хаверц.

Арсенал беше шокатно поразен на домашен терен од Брајтон со 1-2. Тросард во 28. минута донесе водство од 0-1 за гостите, а на 0-2 зголеми Мвепу во 67. минута. Конечните 1-2 ги постави Одегард во 89. минута.

Во последниот натпревар од 16 часот Лидс славеше на гостувањето кај Вотфорд со 0-3.

 

 

 

 

 

Се вчитува...