Фудбалерите на Челси славеа на домашен терен со 2-0 против Бормут во натпревар од 17. коло во англиската Премиер-лига. „Сините“ од Лондон сите дилеми околу победникот ги решија уште по само 25 минути игра.
Кај Хаверц во 16. минута донесе водство за домаќините од 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Мејсон Маунт осум минути подоцна. Со овој триумф избраниците на Греам Потер ја прекинаа низата од три порази по ред во елитното англиско натпреварување.
Chelsea [2] – 0 Bournemouth – Mason Mount great strike 24′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА