Парите пресудија: Челси му даде двојно поголема плата на Мудрик од Арсенал

Михајло Мудрик и дефинитивно вчера стана дел од Челси. Лондонските „сини“ му платија на Шахтјор 100 милиони евра, со бонуси. Сега е познато колкава плата ќе зема Украинецот на „Стемфорд Бриџ“. Станува збор за сума од 100 илјади фунти неделно.

Само за споредба, Арсенал му понудил двојно помалку, односно 50 илјади неделно. Цело време се зборуваше дека Мудрик ќе се пресели на „Емирати“, но на крајот Челси победи во трката со повеќе пари.

Токму тоа беше еден од клучните фактори зошто Челси ја доби оваа трка со Арсенал, иако самиот играч истакнуваше дека ќе се пресели во таборот на лидерот на табелата во Англија.

Се вчитува...