Челси на „седмо небо“ со Менди: Голманот добива нов договор

Челси го доби наследникот на Петар Чех во Едуардо Менди и нема намера да го менува голманот во скоро време, пренесуваат англиските медиуми. Сенегалскиот репрезентативец го стави во сенка Шпанецот Кепа во дресот на „сините“ и затоа ќе добие и нов, побогат договор.

Менди го засили Челси во 2020 година од Рен за 20 милиони евра, а и покрај тоа што има уште три години преостанати на актуелниот договор новото раководство на лондонскиот тим сака да го награди чуварот на мрежата за одличните партии.

Триесетгодишникот кој беше одбран за голман на 2021 година настапи на 93 натпревари за Челси досега, а на 49 меча ја зачува мрежата недопрена. Така беше и на премиерата на новата сезона на која Челси со 1-0 на гостински терен го порази Евертон.

Се вчитува...