Челси не е Јунајтед – „Сините“ го понижија Лестер (ВИДЕО)

Челси го совлада Лестер со 0-3 во премиерниот натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Лондонските сини брзо го начнаа голот на противникот откако Ридигер стрелаше во 14. минута. Во 28. минута Н’Голо Канте по еден соло продор одлично биеше за удвојување на водството на гостите на 0-2, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел конечните 0-3 ги постави Кристијан Пулишиќ во 72. минута.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...