Челси не го дава Вилијан, одбиени понудите на Барселона и на Атлетико Мадрид

Челси ги одбил понудите од Барселона и од Атлетико Мадрид за Бразилецот Вилијан кому договорот со лондонскиот клуб му истекува следната година. Наводно за Челси биле прениски понудите кои биле во вредност од 35 милиони фунти. Со оглед дека има само уште една година од актуелниот договор, тој многу извесно би го напуштил клубот ова лето.

Барселона веќе подолго време се обидува да го доведе бразилскиот фудбалер, но Челси веќе неколкупати ги одбива понудите од каталонскиот клуб. Вилијан во Лондон дојде во 2013 година од рускиот Анжи во трансфер вреден 30 милиони евра. Во дресот на „сините“ постигна 52 гола на 292 натпревари.

Се вчитува...