Челси не мирува: Абрамович го одврза „ќесето“, подготвени 80 милиони евра за Кунде од Севилја

Роман Абрамович очигледно го одврза „ќесето“, па откако Челси потроши 115 милиони евра за да го купат Ромелу Лукаку од Интер, европскиот првак сега тргнува по францускиот репрезентативен дефанзивец, Жил Кунде од Севилја.

Според информациите од Шпанија, андалузискиот гигант е расположен да го продаде Кунде за помеѓу 70 и 80 милиони евра и Челси е расположен да ги плати овие пари само за да ја засили дефанзивата во обид да се стигне до премиерлигашката титула, но и да се обидат да ја одбранат европската круна.

Наводно, од Лондон испратиле итно писмо до Севилја, да очекуваат официјална понуда во следните часови за Кунде, на која ќе треба експресно да одговорат. Кунде, роден во 1998 година, во Севилја игра од 2019 година и веќе има 64 настапи, а претходно беше дел од Бордо, додека за француската репрезентација има два настапи, а беше дел од националниот тим на „триколорите“ на Евро 2020.

Дел од парите за овој мегатрансфер Челси планира да обезбеди од продажбата на Курт Зума, кој се наоѓа пред преселба во Вест Хем за сума од 35 милиони евра.

Се вчитува...