Челси не може да најде стопер, а и тој што го има го дава на позајмица

Челси потешко од очекуваното успева да ја пополни празнината во одбраната која се создаде со заминувањето на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. „Сините“ извисија во трансферите на Кунде, Аке и Кимпембе, а преговорите за ангажманот на Фофана не се одвиваат во посакуваното темпо со оглед на преголемите барања на Лестер.

Сепак и тоа не e повод тимот од „Стемфорд Бриџ“ да ги задржи во составот тие што ги има. Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, Тревор Чахобах добил „зелено светло“ за заминување на позајмица, но истата во ниеден случај нема да содржи опција за откупување на договорот по крајот на сезоната.

За услугите на младиот Англичанец се заинтересирани неколку клубови од Италија, а доколку дојде до позајмица тоа ќе биде продолжување на трендот „сините“ да испраќаат играчи на „Чизмата“. Таков порано беше случајот со Мората, Бакајоко, Томори, Запакоста, Пашалиќ, Аина…

Се вчитува...