Челси не сака да ја плати клаузулата, Бенфика не го пушта Енцо Фернандез во Лондон

Енцо Фернандез ќе мора да почека за да му се исполни желбата да добие зелено светло за трансфер во Челси, по новата рунда неуспешни преговори меѓу клубовите за преселбата на најдобриот млад фудбалер на СП 2022 во Катар.

Претставници на Челси и на Бенфика во текот на вчерашниот ден имаа повеќечасовни преговори за овој трансфер, кои на крајот завршиле неуспешно. Иако претходно се говореше дека Челси преговара за сума околу 120 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за раскин, последните информации говорат дека премиерлигашот понудил далеку пониска сума.

Конкретно, понудата на Челси изнесувала вкупно 85 милиони евра, од кои поголемиот дел биле загарантирани, но Португалците воопшто не биле импресионирани од ставот на лондонскиот клуб. Пораката на Бенфика е јасна – Енцо Фернандез може да си замине само доколку некој клуб со понуда стигне до сумата од клаузулата. Според португалските медиуми, гигантот од Лисабон е подготвен да разговара само ако има загарантирани 100 милиони евра од продажбата на Аргентинецот, па сега на потег е Челси – дали ќе го задоволи ова барање на Бенфика или трансферот ќе пропадне.

Се вчитува...