Челси не успеа да го „скрши“ Евертон: Реми без голови на „Гудисон парк“

По двете едноподруго победи Челси ремизираше без голови на „Гудисон парк“ против Евертон во 19. коло од Премиер лигата.

„Сините“ имаа можност со триумф да се израмнат на втората позиција со Манчестер јунајтед, но не успеаја да го „скршат“ отпорот на Евертон.

Па, сега тимот од „Стемфорд бриџ“ со 39 бода остана на третата позиција со дури 13 бода помалку од водечкиот Манчестер сити кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...