Челси не запира – потпиша и Тијаго Силва

Челси е најактивниот премиерлигаш во досегашниот дел од преодниот ток откако „сините“ денеска комплетираа уште еден извонреден трансфер, потпишувајќи договор со Тијаго Силва. Бразилскиот ветеран е донесен како големо засилување за одбранбената линија, која беше најболна точка во тимот на Френк Лампард минатата сезона.

Откако беше ангажиран левиот бек Бен Чилвел од Челси, со денешниот трансфер на Силва се очекува да биде пополнета уште една „дупка“ во тимот што најавува атак на висок пласман во следната сезона. Бразилецот пристигнува без никаква отштета по истекот на договорот со ПСЖ, клуб каде претходно мина осум сезони по трансферот од Милан. Силва подоцна ќе се приклучи на подготовките на новиот клуб бидејќи доби неколку денови за одмор, по настапот во финалето од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.

Тијаго Силва е петто засилување на Челси во овој преоден рок, по Зијеч од Ајакс, Вернер од Лајпциг, Чилвел од Лестер и Сар од Ница. За очекување е „сините“ во најскоро време да официјализираат уште еден трансфер, оној на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Се вчитува...