Кол Палмер, играчот на Манчестер Сити е на медицински прегледи во Лондон, каде до крајот на денот ќе треба да го комплетира трансферот во Челси за 40 милиони фунти, плус 5 низ бонуси.
Двете страни се договорија, а Челси и натаму ангажира играчи во овој преоден рок, со цел да дојде до успех во престојната сезона.
Палмер игра на позицијата офанзивен фудбалер од средниот ред или крило. До сега играше само во Манчестер Сити, а за првиот тим одигра 19 натпревари. Палмер беше стрелец на единствениот гол за Манчестер Сити во ремито 1-1 против Севилја во УЕФА Супер-Купот во Атина, а потоа неговиот тим стигна до трофејот. Тој е стандарден репрезентативец и за младата селекција на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА