Саутемптон успеа да го совлада тимот на Челси, и на некој начин да го направи најголемото изненадување во натпреварите во Премиер-лигата денеска. Домашните со пресврт успеаја да го земат „скалпот“ на „сините“ кои го губат здивот, и покажуваат дека немаат квалитет за висок пласман сезонава.
А, се добро почна за Челси по голот на Стерлинг во 23. минута. Лавија во 28. минута успеа да израмни на 1-1, додека Армстронг во судиското продолжение од првиот дел донесе водство.
И не е толку резултатот кој загрижува, туку играта на избраниците на Тухел кои имаа двојно помалку удари кон голот на противникот, иако поседот беше на нивна страна. Очигледно заминувањата на Кристенсен и на Ридигер придонесоа за послаба одбрана на Челси, кој го бележи вториот опраз по ред на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА