Челси подготви 130 милиони евра за ангажман на уште тројца фудбалери

Новиот менаџер на Челси, Маурицио Покетино продолжува да ја склопува екипата за новата сезона со сериозна намера за уште неколку квалитетни засилувања.

Како што пренесуваат дел од англиските медиуми, Челси веќе ги планира следните големи трансфери. Покетино за тројца посакувани фудбалери има на располагање 130 милиони евра.

Најистакнато име на листата е ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус. 22-годишниот репрезентативец на Гана го насочи вниманието кон себе на Светското првенство, а пазарната вредност му е 40 милиони евра.

Другите двајца играчи се талентот на Лион, 19-годишниот Рајан Шерки, како и 21-годишниот Мајкл Олис од Кристал Палас.

По 12. место минатата сезона, „сините“ сакаат да се вратат на врвот во Премиерлигата. Па, „напумпаниот“ состав од минатата сезона со речиси 40 играчи сега е значително смален, со продажбата на голем број фудбалери.

Се вчитува...