Челси подготвува седум играчи за трансфер листа

Екипата на Челси вложува огромни пари во засилување. Повеќе од 600 милиони се вложени во оваа сезона, но таа излезе на крајот катастрофална, затоа што „сините“ не изборија пласман во ниту едно европско натпреварување. Ја имаа една од најлошите сезони во последните 30 години.

Влезни трансфери на Стемфорд Бриџ ќе има и летово, но ќе има и излезни. Новиот менаџер Маурисио Покетино сака да изгради тим за враќање на тимот на шампионските патеки. Меѓутоа „резот“ во екипата ќе биде неизбежен и поради финансиски фер-плеј.

Раководството на тимот во координација со Покетино, има намера до 30. јуни да стави седум играчи на трансфер-листа. На листата на продажба на Челси сосема очекувано ќе бидат Зијеш, Ковачиќ, Обамејанг, Пулишиќ, Менди, Хадсон-Одои и Лофтус-Чик.

Зијеш е баран од неколку клубови меѓу кои и Милан, Интер и Ајакс, додека Ковачиќ се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Обамејанг би можел да се врати во Барселона, или да заврши во Франција, а Менди многу веројатно е блиску до франускиот шампионат. Хадсон-Одои се споменува дека ќе остане во Баер Леверкузен, а за Лофтус-Чик има интерес од Милан. Пулишиќ се споменува за „кам-бек“ во Борусија Дортмунд.

Се вчитува...