Челси покажа милост, го пушти Вилијан во Бразил кај семејството

Челси му даде дозвола на Вилијан да си замине во Бразил за да биде со семејството во периодов во кој светот се бори со пандемијата од коронавируот, пренесуваат британските медиуми.

Кога почна епидемијата Вилијан поради обврските во клубот остана во Лондон додека семејството му е во Бразил. Тој бараше дозвола од Челси да го ослободи за да може да си оди во родната земја за да биде со семејството. Клубот му излегол во пресрет иако целата држава од вчера е во тринеделна комплетна блокада.

На Вилијан договорот со Челси му истекува за три месеци и крајно е неизвесно дали ќе биде во Лондон и следната сезона. Дел од информациите велат дека преговорите за продолжување на соработката се во застој затоа што Вилијан барал нов договор за три сезони, а клубот нуди двегодишна соработка.

Се вчитува...