Челси има нова желба – Вилфред Заха

Челси до крајот на преодниот рок ќе доведе уште еден напаѓач во своите редови, а можно е тоа да биде Вилфред Заха, пренесуваат англиските медиуми. „Сините“ извисија во трансферот на Обамејанг па сега погледот го насочија кон градскиот ривал Кристал Палас.

Заха веќе подолго време се поврзува со заминување од лондонскиот тим, а и покрај тоа што ова лето беше трансфер цел на Арсенал и Манчестер Јунајтед голема е можноста да заврши на „Стемфорд Бриџ“. Тој е отворен за трансфер во редовите на Челси и наскоро се очекува да биде испратена првата понуда. Палас не сака да го продаде, но Заха има само 12 месеци од актуелниот договор и Виеира би можел да биде принуден да даде зелено светло за трансфер, за да не ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета.

Најголемиот проблем со кој ќе се соочат „сините“ е кусиот период за преговори со градскиот ривал па за реализација ќе им биде потребно околку 40 милиони евра.

Се вчитува...