Челси потпиша нов договор со важен првотимец

Челси се пофали со важен потпис откако лондонскиот премиерлигаш ја продолжи соработката со Педро Нето, кој со новиот договор ќе остане на „Стемфорд бриџ“ до 2032 година.

Португалскиот крилен офанзивец не беше стартер на првиот дуел со Фулам, но оттогаш е редовен адут на Чаби Алонсо во првите единаесетмина. Тој летово беше поврзуван со преселба во Ал Хилал, тој трансфер не беше реализиран, по што експресно беа интензивирани преговорите за нов договор што вродија дсо плод.

„Ова е фантастичен момент за мене, од првиот ден кога дојдов се почувствував како дома, сакам да остварам уште поголеми успеси, да освојам уште многу трофеи со Челси“, истакна Нето по потписот на договорот.

Португалецот пред две години дојде во Челси од редовите на Вулверхемптон, оттогаш настапи на 108 натпревари за „сините“ и има 40 голови и асистенции за лондонскиот клуб, со кој ги крена трофеите на ФИФА клупскиот мундијал и на Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...