Челси потврди: На лето доаѓа Хаким Зијеш, потпиша петгодишен договор

Англискиот премиерлигаш Челси го потврди ангажманот на Хаким Зијеш од Ајакс за кого издвои 45 милиони евра. Мароканецот во летниот преоден рок ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“, а веќе ставил потпис на петгодишен договор.

„Пресреќен сум и горд што потпишав со голем клуб како Челси. Едвај чекам да почне следната сезона во која се надевам дека ќе оствариме многу успеси“, изјави Зијеш за официјалниот сајт на Челзи.

Зијех изминатите неколку сезони е еден од адутите на Ајакс.

Се вчитува...