Челси прокоцка победа и со играч повеќе од Арсенал

Резултатската криза на Челси уште повеќе се продлабочи откако тимот на Френк Лампард ремизираше 2-2 на домашен терен против Арсенал. „Сините“ сигурно ќе жалат за двата загубени бода ако се знае дека 65. минута настапуваа со фудбалер повеќе на теренот, во две ситуации прокоцкувајќи ја предноста до која тешко стигнуваа.

Давид Луиз направи пенал врз Абрахам и заработи црвен картон, по што Жоргињо ги доведе домаќините во водство. Челси ја контролираше играта и се чинеше дека победата нема да биде доведена во прашање, но Арсенал неочекувано израмни преку Мартинели, откако младиот голгетер претрча над 70 метри со топката во нозе и успеа да го матира Кепа.

Челси тргна во целосна офанзива, успеа да постигне и втор гол преку Азпиликуета, но и тоа не беше доволно за да се стигне до трите бода бидејќи „топчиите“ повторно успеаја да израмнат, овојпат преку десниот бек Белерин, кој со прецизен удар со левата нога ја смести топката во долниот агол од голот на „сините“.

Се вчитува...