Челси сака да го купи голманот на Селтик како замена за Тибо Куртоа

Англискиот премиерлигаш Челси е во интензивна потрага по нов голман, откако се погласни се најавите дека белгискиот интернационалец Тибо Куртоа по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид. „Кралевите“ добија можност да пазарат во јуни, иако претходно имаа забрана за реализација на трансфери оваа зима, но и следното лето. Сепак, казната ќе ја одработат само во овој зимски преоден рок, па затоа и сакаат брзо да завршат работа со неколку нови засилувања.

Челси веќе ја лоцираше можната замена за Куртоа. Се работи за голманот на Селтик, Крег Гордон, кој во минатото ја чуваше мрежата на Сандерленд. Менаџерот Антонио Конте детално ги анализирал неговите игри оваа сезона во дресот на Селтик и проценил дека поседува одлични квалитети, и дека би можел да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Сепак, Гордон има уште 18 месеци од актуелниот договор со Селтик, па нема да биде така лесно за раководството на Челси да го купи овој одличен голман.

Како друга опција за голот на „сините“ од Лондон се споменува и Џо Харт, англискиот репрезентативец кој моментно како позајмен играч од Манчестер сити го брани голот на калчолигашот Торино.

Се вчитува...