Челси се извлече од бездната, по негатива од 3-0 до 3-3 во 93. минута… (ВИДЕО)

Челси се извлече од бездната барем да избегне нов пораз во новата сезона од Премиер-лигата, овој пат во 3. коло на гостувањето против ВБА. „Сините“ и покрај негативата од 3-0 по првото полувреме успеаја да стигнат до конечни 3-3.

Со два гола на Робинсон во првите 25 минути, ВБА веќе имаше предност од 2-0, а Бартли во 27. минута веќе зголеми и на 3-0.



Домашните успеаја да направат „од готово – вересија“, па дозвилија три погодоци на Челси во второто полувреме. Маунт во 54. минута намали на 1-3, Хадсон-Оди во 70. минута стрелаше за 2-3, а конечните 3-3 ги постави Абрахам во 93. минута.



Се вчитува...