Челси се „лизна“ против Евертон – титулата се подалеку од „Стемфорд Бриџ“

Фудбалерите на Челси ремизираа со 1-1 во против Евертон во 17. коло од Премиерлигата. „Сините“ повторно имаа иницијатива на мечот, постојано кружеа со топката во противничкиот дел од теренот, но не успеаја да ги реализираат шансите и да задржат чекор со лидерите Манчестер Сити и Ливерпул.

„Сините“ одлично го започнаа натпреварот и веднаш креира неколку сто остотни шанси, но истите не ги реализираа па на полувремето на семафорот останаа 0-0. Челси продолжи да напаѓа и во второто полувреме па стигна до гол преку Маунт во 70. минута од мечот, но по само четири минути Брентвајт донесе изедначување за „карамелите“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...