Челси се откажува од продажбата на Кепа Аризабалага

Англискиот премиерлигаш Челси се откажува од идејата за продажба на шпанскиот голман Кепа Аризабалага. Менаџерот Франк Лампард не беше задоволен од неговите настапи и во текот на сезоната дури и го седна на клупата за резерви, а планираше да го стави и на трансфер – листа со отштета од 60 милиони евра. Сепак, јасно е дека поради глобалната криза предизвикана од коронавирусот Челси нема да може да го продаде Кепа според планираните услови. Лампард е подготвен да му даде уште една шанса на чуварот на мрежата.

Кепа Аризабалага дојде на „Стемфорд бриџ“ во 2018 година за сума од 80 милиони евра. За Челси досега има 60 настапи.

Англискиот клуб размислуваше да достави понуда за Џанлуиџи Донарума, голманот на Милан и италијански репрезентативец, но најверојатно и тоа засега ќе остане само како идеја.

Се вчитува...