Челси конечно доби ново засилување во одбраната откако денеска и официјално го претстави Весли Фофана. Французинот на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа од редовите на Лестер за 90 милиони евра и се очекува да биде клучно засилување за сезоната која за „сините“ не започна добро.
Преговорите со Лестер се одвиваа долго, но на крајот Челси стигна до уште еден рекорден трансфер. Како потсетување, претходно клубот го ангажираше и Марк Кукуреља кој стана најскапо платениот бек во историјата.
Дваесетиедногодишниот Фофана со Челси потпиша седум годишен договор и се приклучи на плејадата млади фудбалери од кои се очекува да бидат иднината на клубот.
Welcome, Wesley! 😁#FofanaIsChelsea
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА