Челси се засили со англиски вундеркинд

Челси во иднина ќе биде посилен за фудбалерот Карни Чуквуемеку од Астон Вила. Трансферот го потврдија лондонските сини.

Овој 18-годишен фудбалер потпиша шестгодишен договор, а Челси на Астон Вила му уплати 15 милиони фунти, не сметајќи ги бонусите.

Медицинските прегледи се закажани за утре, за кога ќе биде официјализиран трансферот.

Се вчитува...