Челси планира да задржи дел од своите фудбалери, па затоа веќе е на средување на нови договори со тројца играчи. Според „Телеграф“ лондонскиот тим ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред Мејсон Маунт. Актуелниот договор на младиот фудбалер е до 2024 година, но „сините“ планираат да го задржат на подолго.
Клубот исто така планира нов договор за Рис Џејмс. Десниот бек има договор уште три и пол сезони, но актуелниот европски првак не сака да остави ништо на случајноста па сака да го „врзе“ на подолг рок, и да му понуди подобри услови.
Челси веќе води преговори за продолжување на соработката со Андреас Кристенсен. Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА