Челси со победа над Лидс осигура ЛШ следната сезона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси славеа со 0-3 на гостувањето кај Лидс јунајтед во натпревар од 36. коло во англиската Премиер-лига и со тоа обезбедија пласман во Лигата на шампионите следанта сезона.

Мејсон Маунт уште во четвртата минута донесе водство за гостинот од 0-1. За издвојување од првото полувреме е и директниот црвен картон кој го доби играчот на домаќините Ден Џејмс под бруталниот старт над Матео Ковачиќ.

Во вториот дел на 0-2 зголеми Пулишиќ во 55. минута, додека конечните 0-3 ги постави Лукаку во 83. минута. И додека лондонскиот клуб го слави учеството во Лигата на шампионите следната година, Лидс до крајот ќе има тешка задача да обезбеди опстанок откако во моментов се наоѓа на 18. место.

Daniel James (Leeds) straight red card against Chelsea 24′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...