Челси со „седмица“ го потопи Норич, „хет-трик“ на Маунт (ВИДЕО)

Челси на крилата на Мејсон Маунт, успеа да го совлада тимот на Норич со убедливи 7:0. Три гола постигна играчот од средниот ред на фудбалерот на лондонските сини, со што Челси го продолжува походот кон титулата во Премиер-лигата.

 Мејсон Маунт го отвори резултатот уште во 8. минута. Потоа Хадсон Одои во 18. минута донесе 2:0 за Челси. На 3:0 зголеми Рис Џејмс по асистенција на Маунт. 

Во вториот дел Чилвел зголеми на 4:0, а Аронс си постигна автогол за „петарда“ на „сините“. Следуваше и шести гол на Челзи на Маунт од пенал, а потоа истиот играч го комплетираше својот „хет-трик“ за конечни 7:0.

 

Се вчитува...