„Челси треба да се засрами за катастрофалните потези“

По стотиците милиони потрошени на засилувања по превземањето на Челси од страна на Тод Боели, лондонскиот клуб сега „на големо“ ги продава поранешните ѕвезди со цел да го запази финансискиот фер-плеј.

Еден од оние кои ова лето заминаа од „Стемфорд Бриџ“ е и Матео Ковачиќ, заминување кое според поранешниот фудбалер на „сините“ Глен Џонсон е катастрофален потег кој воедно и не е прв.

„Заминувањето на Ковачиќ е една од најголемите загуби на Челси ова лето. Добија пристони пари за него, но го продадоа во еден од најсилните клубови во кој може многу да напредне. Тој таму ќе биде опкружен со играчи од светска класа како што е и самиот тој и тоа ќе биде многу добро за него.

Газдата Тод Боели ќе биде виновен за сите погрешно донесени одлуки. Челси треба да се засрами за катастрофалните потези со трансфери. Да бидеме искрени, Челси е зад големата четворка, а дел од своите најдобри играчи ги продадоа токму во клубови кои се пред нив“, вели Џонсон.

Се вчитува...