Челси тргна победнички, со триумф над Брајтон

Челси триумфално ја отвори новата сезона во Премиер – лигата. Тимот на Франк Лампард го совлада Брајтон на гости со 1-3. Можеби не импресионираше со играта, но, сепак, на крајот ја заврши работата.

Новото засилување во нападот, Тимо Вернер, се избори за пенал, а успешно го реализираше Жоргињо во 23.минута. Брајтон израмни со голот на ленардо Тросар во 54.минута, но само две минути подоцна Рис Џејмс постигна прекрасен погодок и го врати водството на „сините“. Третиот гол за Челси беше дело на дефанзивецот Курт Зума во 66.минута.

Се вчитува...