Челси три седмици без повредениот Нголо Канте

Англискиот премиерлигаш Челси остана без францускиот интернационалец Нголо Канте во наредните три седмици. Тој го повреди бутниот мускул на дербито против Манчестер Јунајтед (0-2) во Премиер – лигата и ќе отсуствува од тимот на Франк Лампард во многу непријатен момент. Тој ќе го пропушти првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на „Стемфорд бриџ“, а надежите се дека ќе може да биде потполно фит и подготвен за игра за реваншот кој е закажан за 18 март на „Алијанц арена“.

Покрај дуелот во ЛШ, Нголо канте ќе пропушти и четири натпревари од Премиер – лигата. Нема да биде во составот на мечевите против Тотенхем, Борнмут Евертон и најверојатно против Астон Вила.

Се вчитува...