Челси испушти можност триумфално да ја почне 2020 година… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси испуштија можност триумфално да ја почнат новата 2020 година. Тимот од Лондон имаше предност од 0-1 на гостувањето против Брајтон до самиот финиш во првиот натпревар од 21. коло во Премиерлигата, но на крајот домашните со гол Јаханбакш во 84. минута стигнаа до конечни 1-1.

Аспликуета со погодокот уште во 10. минута од натпреварот донесе предност за Челси од 1-0…

Но, Јаханбакш израмни во 84. минута.

Во вториот натпревар од пладневниот термин, Астон Вила со 1-2 славеше на гостувањето против Барнли. Стрелци на головите за гостите беа Весли во 27. минута и Грилиш во 41. минута, а Вуд во 81. минута го постигна единствениот гол за домаќините.

Се вчитува...