Челси убедлив против Барнли, Пулишиќ блесна со хет – трик

Челси ја оствари шестата победа во Премиер – лигата оваа сезона, триумфирајќи на гости против Барнли со 2-4. Тимот на Франк Лампард имаше убедлива предност од четири гола, а во финишот домаќинот успеа малку да го ублажи поразот. Сепак, бодовите заминуваат за „Стемфорд бриџ“, а Челси прокнижи 20 и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Кристијан Пулишиќ беше играч на мечот, постигна хет – трик за Челси, а во листата на стрелците му се придружи и Вилијан. Барнли во завршницата намали на 2-4 со головите на Џеј Родригез и на Двајт Мекнил.

Се вчитува...