Челси во големи проблеми – Никој не го сака најскапиот голман во историјата

Кепа Аризабалга во Челси дојде како најскап голман во историјата на фудбалот. Младиот Шпанец не ги оправда очекувањата и поради големиот број на грешки кои ги направи веќе не е број еден меѓу стативите на лондонскиот клуб.

Лампард го донесе Менди од Рен како негова замена, но проблемите на Челси тука не завршуваат. Имено ниту еден клуб во светот не сака да го донесе Кепа на позајмица, што значи дека Челси ќе мора годишно да му исплаќа по 5 милиони фунти на голманот кој ќе седи на клупата за резерви.

Челси е тим кој беше најактивен во летниот преоден рок, но и покрај големиот број на донесени фудбалери тимот од Лондон се уште не може да ја најде посакуваната форма за да биде конкурентен за највисок пласман во сите натпреварувања.

Се вчитува...