Челси во пол – позиција за Кутињо

Англискиот премиерлигаш Челси е најблиску до ангажман на бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо претстојново лето. Тој ќе ја заврши позајмицата во Баерн Минхен и треба да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб планира да го продаде.

Челси се надева дека добрите релации со неговиот агент Киа Јорабчиан ќе бидат доволни за Кутињо да се врати во Премиер-лигата, но овојпат во Лондон. Менаџерот Франк Лампард верува дека 70 милиони фунти ќе ја задоволат Барселона да се сложи на овој трансфер. Две години претходно Барселона плати 145 милиони фунти за да го доведе Кутињо од Ливерпул.

Се вчитува...