Челси во потрага по нов играч за врска – дали Жоржињо заминува од „Стемфорд Бриџ“?

Актуелниот првак на Еворпа, Челси е во потрага по нов играч за врска, а со тоа се јавува прашањето дали клубот ќе го напушти Жоржињо, италијанскиот репрезентативец кој по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“ во 2018 година се наметна како еден од клучните играчи на тимот со 151 настап во сите натпреварувања.

29-годишниот освојувач на наградата на УЕФА за најдобар фудбалер на претходната сезона беше трансфер желба на неколку гиганти од Апенинскиот полуостров, а и самиот посакува враќање на „чизмата“ па нема да биде чудно доколку ја промени средината следното лето.

Челси во летниот преоден рок во своите редови го донесе Саул Нигез, но Шпанецот не се прослави во првите настапи за новиот клуб па сега погледите на „сините“ се насочени кон Французите Аурелиен Чуамени и Кристофер Нкунку.

21-годишниот Чуамени е фудбалер на Монако и за неговите услуги покрај Челси е заинтересиран и Јуветус, додека фудбалерот на Лајпциг, Нкунку е веќе познат за Томас Тухел од времето поминато заедно во ПСЖ.

Се вчитува...