За разлика од претходното лето кога Челси потроши речиси 300 милиони евра на засилувања, актуелниот шампион на Европа беше скромен во овој преоден рок во кој беше ангажиран само поранешниот играч Ромелу Лукаку од редовите на Интер за 115 милиони евра.
Сепак до крајот на трансфер рокот очекувањата се „сините“ да добијат уште едно засилување во средината на теренот кој ќе им се приклучи на Н’голо Канте, Матео Ковачиќ и Жоржињо. Желба во овој погед беше Деклан Рајс од Вест Хем, меѓутоа преголемите барања за англискиот репрезентативец ги свртеа погледите кон Саул Нигез.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид се наоѓа пред излезните врати на „Ванда Метрополитано“, а англиските медиуми пишуваат и дека Шпанецот бил понуден на Челси, меѓутоа клубот конечната одлука за ангажманот на 26-годишникот ќе ја донесе во следните денови бидејќи како опција се јавува и перспективниот Аурелин Чуамени од Монако.
Дваесетиедногодишниот Французин е дел од Монако кој игра во разигрувањето за влез во Лигата на Шампионите, но има негатива од првиот меч против Шахтјор. Доколку францускиот клуб не се пласира во групната фаза на најсилното фудбалско натпреварување, Монако нема да може да го задржи Чуамени во своите редови, а тоа ќе се обиде да го искористи Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА