Челси за три минути до пресврт и победа на „Вила Парк“

Челси се зацврсти на четвртото место на табелата откако „сините“ попладнево триумфираа со 1-2 на гостувањето против Астон Вила. Лондонскиот клуб се врати со пресврт во второто полувреме, заслужено триумфирајќи ако се знае дека избраниците на Лампард имаа над 70% од поседот на топката на „Вила Парк“.

Тимот на Френк Лампард доминираше во првото полувреме, но казната за промашените шанси стигна пред крајот на првиот дел, кога Хаус одлично се снајде и го матираше Кепа. „Сините“ сепак продолжија со притисокот и направија пресврт за само три минути игра. Најпрвин „резервистот“ Пулишиќ погоди по центаршутот на Азпиликуета, а пресвртот го комплетираше Жиру со прецизен удар од десетина метри.

Челси моментно има 51 бод, пет повеќе од Манчестер Јунајтед и од Вулверхемптон, кои се наоѓаат на делба на петтата позиција на табелата.

Се вчитува...