Челси не знае за пораз, Фулам е новата жртва на „сините“

Челси не знае за пораз откако Тухел го презеде тимот од Лондон, па „сините“ вечерва го поразија Фулам со 2-0 во натпревар од 34. коло во Премиер лигата.

Иако Фулам во неколку наврати знаеше да покаже „заби“ и да создаде шанса за гол, сепак фудбалерите на Тухел беа на висина на задачата и ја најавија победата уште во првото полувреме, откако Каи Хаверц беше прецизен уште во 10-та минута и успеа да донесе предност на неговиот тим од 1-0 по првите 45 минути игра.

Во вториот дел домаќините ја осигураа својата победа, па во 49-та минута повторно стрелец за тимот од Лондон беше Каи Хаверц. До крајот на натпревар Челзи одигра рутински, успевајќи да ја сочува предноста од два гола и да дојде до нови три значајни поени.

Челси со оваа победа обезбеди 61 освоен бод во Премиер лигата, па се наоѓа веднаш зад Лестер, Манчестер Јунајтед и Сити кој убедливо ја зазема лидерската позиција.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...